Утрински Весник
Македонија

Приведена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители на Куклица

Kuklicza.webp.webp

Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово.

Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19 часот и 30 минути полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле посетители на локалитетот.

По насоки на јавен обвинител, таа била приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Над 17 000 лица ја напуштиле државата на ГП „Богородица” во последните 24 часа

Изминатата недела над 70 лица приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран