Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Aлбанците не им должат власт на вечните фотелјаши за тие да го уриваат Oхридскиот договор

Vlen 1.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) не ја брани албанската кауза, туку ја држи во заложништво. Логиката им е проста. Или тие ќе седат во фотелјите или ќе закочат сè. Ако се на власт, се им е тамам. Ако не се, одеднаш ништо не чини. Е па, тој филм веќе не поминува. Ама да расчистиме една работа. Албанците не им должат вечна власт на фотелјашите од Мала Речица. Не им должат ни министри, ни директори, ни тендери. А најмалку им дале право, само затоа што останале без фотелји, да го блокираат Законот за правична застапеност и да го уриваат Охридскиот рамковен договор.

Цели 25 години ги имаа и ножот и погачата, ама не најдоа време ова право да го заштитат со закон. Поважни им беа тендерите, личното богатење и матните дилови. Сега, кога некој друг ја завршува работата, од очај се фаќаат за сламка и се закануваат дека ќе го закочат целото Собрание. ДУИ не може да им прости на Албанците што ја пратија во опозиција, па сега им се одмаздува со блокирање на Законот за правична застапеност. Албанците не се ничиј партиски плен, а нивните права не се жетони за политичко поткусурување. Охридскиот рамковен договор не е тапија ниту на Али Ахмети, ниту на неговите вечни фотелјаши. Тој им припаѓа на граѓаните и никој нема право да го држи во заложништво поради пуста желба за власт.

Можете да прочитате

Приведен стружанец за инцидент на прославата за Илинден во Ташмаруништа

Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира

Над 17 000 лица ја напуштиле државата на ГП „Богородица” во последните 24 часа