Утрински Весник
Економија

Словенечка компанија со нова потенцијална инвестиција во ТИРЗ, вредна минимум 15 милиони евра 

20260729172852 big 730x400 46.webp.webp

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со ИНЕА, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана.

На средбата беа разгледани можностите кои ги нудат ТИР зоните, како и активностите и плановите на компанијата за нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра, со отворање на најмалку 100 нови работни места.

Директорот Димовски ги претстави поволностите за странските инвеститори што ги нуди Дирекцијата за ТИРЗ во соработка со Владата, истакнувајќи ја стратешката локација на државата, современата инфраструктура, квалификуваната работна сила и пакетот на државни мерки за поддршка на инвестициите. Тој нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ е стабилен партнер на сите инвеститори во текот на целиот инвестициски процес, обезбедувајќи континуирана институционална поддршка од првичните разговори до реализацијата и понатамошниот развој на инвестицијата.

Од страна на Алесандро Лупис, генерален директор на компанијата, беше изразено задоволство за остварената средба, со очекување за продолжување на комуникацијата и понатамошно разгледување на можностите за реализација на потенцијална инвестиција во рамки на ТИР зоните. Тој ги претстави тековните проекти и активности, како и долгогодишното искуство на компанијата во развојот и имплементацијата на современи инженерски решенија за индустрискиот сектор.

ИНЕА е компанија специјализирана за индустриска автоматизација, дигитализација на производствените процеси, роботика и енергетски менаџмент, која со своите решенија им помага на компаниите да ја зголемат ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста.

Компанијата има реализирано бројни проекти на меѓународно ниво и претставува пример за високотехнолошки развој и иновации. Со повеќе од 35 години искуство и над 3.000 реализирани проекти во повеќе од 30 земји, ИНЕА е препознаена како партнер за развој и имплементација на современи решенија во индустриската автоматизација, дигитализацијата и управувањето со енергија. Компанијата соработува со водечки глобални технолошки компании, меѓу кои AVEVA, Siemens, Rockwell Automation и Dassault Systèmes, придонесувајќи кон унапредување на производствените процеси и воведување на иновативни технологии.

Можете да прочитате

Најновите макроекономски движења главно се во согласност со проекциите на Народната банка

Платите растат, инвестициите чекаат – рударството останува без нови работни места

По „Аптив“ и „Дура“, и германската „БМЗ“ го затвора погонот во Македонија