Утрински Весник
Балкан

Во пожар на куќа кај Скадар животот го загубија мајка и две малолетни деца

20260729174226 big 730x400 18.webp.webp

Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца.

Според првичните информации од увидот, пожарoт избувнал во кујната каде жената готвелa и со голема брзина се проширил, што условило неможност да излезат од куќата.

“Како последица на пожарот  животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и пол, односно три години. Истрагата треба да ги разјасни причините за трагедијата, стои во полициското соопштение.

На местото пронајдена е експлодирала плинска боца и канистер во кој имало бензин.

Поради непристапниот терен, интервенцијата на противпожарната служба била многу тешка. Куќата се наоѓала во планински предел, на околу 30 минути пешачење од автопатот, а кога противпожарната служба пристигнала на местото на настанот, објектот бил речиси целосно уништен.

Дел од медиумите пренесуваат дека жртвите деновите пристигнале од Германија, каде што живееле,  и се сместиле во нивниот поранешен дом. Сопругот во моментот не бил дома.

Можете да прочитате

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, постои сомневање дека бил избоден до смрт од албански државјанин

Почина Ведрана Рудан – 24info.mk

Хрватската полиција уапси четворица осомничени за предизвикување пожари кај Задар