Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.

Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДС е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со кризата со загадената вода за пиење.

Факт е дека локалната власт не успеа навремено да го заштити здравјето на граѓаните, поради што Владата и државните институции мораа итно да интервенираат. Беше обезбедена флаширана вода, беше воспоставено снабдување со вода за техничка употреба, а во најкус можен рок ќе се создадат услови водата повторно да биде безбедна и за пиење.

СДС нема кредибилитет да зборува за одговорност сè додека ги штити сопствените функционери и ги игнорира нивните неуспеси. Ако навистина веруваат во политичка одговорност, нека почнат од своите редови.

СДС и Филипче секојдневно држат лекции за морал, бараат оставки и глумат борци за одговорност, но кога станува збор за нивните функционери тогаш молчат.

Филипче молчи и не бара одговорност од својот кандидат Валбон Лимани кој управува со општината.

Тоа е вистинското лице на СДС, двојни аршини и лицемерие, бараат одговорност од сите освен за сопствените кадри, за нив целосна амнестија.

Време е СДС да престане со лицемерието и да покаже дека законите, моралот и одговорноста важат еднакво за сите, а не само кога тоа им носи политички поени.

Можете да прочитате

Студентка со поткуп добила лиценца за стоматолог, уапсени три лица

СДСМ: Во Собранието денес се избира нов послушник за Уставниот суд – стариот избега од одговорност, а Македонија повторно се задолжува

Клековски, Андовски, Перински и Касами со делегација на Светска банка во КБ Тетово: Подготвуваме значајна инвестиција во здравството на полошкиот регион