Утрински Весник
Македонија

Претреси во Куманово, пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода три лица

Pistol.jpeg

На 27.07.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 27.07.2026 од 22:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.С.(45) и 42-годишната Д.В. од Куманово. При претрес во домот на Р.С., во кој била затекната Д.В., извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја и пиштол калибар 7,62 мм без рамка и муниција за кои не поседувал дозвола. Додека, при преглед кај Д.В. била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Можете да прочитате

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци

Водата во Крушево е исправна за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната

Повредени девет лица во судир на три автомобили на патот Кичево-Охрид