Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца мигранти од Авганистан, краделе по Гевгелија

613071228 1180005324309993 3562843584804296261 n.jpg

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.. На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во атар на село Прдејци, гевгелиско, бил физички нападнат од двајца мигранти, кои му го одзеле мобилниот телефон.

По пријавениот настан и преземените мерки, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги пронашле мигрантите во атар на село Прдејци, по што е утврдено дека се работи за М.Ј.М. и 17 годишен мигрант и двајцата од Авганистан. При преглед кај М.Ј.М. бил пронајден одземениот мобилен телефон, по што тој е лишен од слобода, а во Полициската станица Гевгелија е повикан и малолетникот. Извршен е службен разговор, а за случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.


По поднесување нa кривичните пријави лицата се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој на М.Ј.М. му определил мерка притвор, а малолетникот ќе биде спроведен во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол