Утрински Весник
Македонија

Славјанка Петровска против дневна политика: Наместо препукувања, Владата веднаш да преземе акција за безбедна вода во Гостивар

Slavjanka.png

Пратеничката Славјанка Петровска повика политичките препукувања околу случајот со загадената вода во Гостивар да престанат и фокусот да се насочи кон итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Според неа, по сè што се случи, на жителите на Гостивар не им се потребни нови политички обвинувања, туку конкретни решенија кои ќе гарантираат дека водата што ја користат е безбедна.


Петровска предлага Владата привремено да го преземе управувањето со водоснабдувањето од локалната самоуправа, сè додека целосно не се утврди состојбата и не се обезбеди сигурност на водоводниот систем.

„Кога локалните институции не можат да обезбедат безбедна вода, државата нема право да стои настрана и да ја префрла одговорноста“, наведува таа.

Како втора неопходна мерка, Петровска бара итно да започне стручно чистење, испирање и дезинфекција на целата водоводна инфраструктура, проследено со независни и континуирани анализи на водата.

Според неа, до моментот кога надлежните институции ќе потврдат дека водата е целосно безбедна, секое домаќинство во Гостивар треба да има обезбедено чиста вода за пиење.

„Не уште едно соопштение дека состојбата ‘се следи’. Не уште една комисија. Туку одлука, акција и безбедна вода“, порачува Петровска.

Таа нагласува дека водата не смее да биде предмет на политички пресметки, бидејќи станува збор за основно човеково право.

„Одговорна власт дава решенија, а не изговори“, истакнува Петровска во својата објава.

Можете да прочитате

Срушен јарболот со македонското знаме во Скопје

Уапсени двајца мигранти од Авганистан, краделе по Гевгелија

ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата