Утрински Весник
Македонија

Пановски: Криењето на резултатите од Гостивар може да чини човечки живот

Img 9968.jpeg

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи го критикуваше начинот на кој институциите постапуваат со резултатите од анализите поврзани со епидемијата во Гостивар.

Во својата објава, Пановски опишува хипотетичко сценарио во кое пациент е хоспитализиран со симптоми на труење, додека Обвинителството, поради сомнеж за намерно труење или труење од небрежност, нарачува лабораториски анализи. Според него, болницата не ги направила потребните испитувања, а резултатите од анализите по четири дена ги добива само Обвинителството, кое не дозволува тие да бидат јавно објавени поради интересите на истрагата.


„Причината за труење е позната, но само за Обвинителството. Лекарот не ја знае. Додека трае истрагата пациентот починува. По завршување на истрагата јасно е дека постоел лек кој би го спасил пациентот, но во интерес на истрагата, отишол како колатерална штета“, напиша Пановски.

Тој посочува дека во ваков случај приоритет мора да биде заштитата на здравјето на граѓаните и навременото информирање на медицинските лица за причинителот на труењето.

„Секоја сличност со Гостивар е намерна“, додава Пановски, јасно алудирајќи на актуелната епидемија на гастроентеритис во Гостивар и одлуката резултатите од анализите на водата да не бидат јавно објавени додека трае истрагата.

Во продолжение на објавата, микробиологот наведува дека, според неговото хипотетичко сценарио, по завршувањето на истрагата семејството на пациентот би можело да го тужи Обвинителството за убиство, а здравствените власти за непружање здравствена помош.

Можете да прочитате

ОЈО Гостивар бара притвор за директорката и раководители во „Комуналец“

Велосипедист прегазен кај Кочани, починал на лице место

Речиси еден месец Гостивар пиел фекално загадена вода