Утрински Весник
Македонија

Кривична за четири правни и пет физички лица од Пробиштип, го оштетиле буџетот на Агенцијата за вработување за 3,5 милиони денари

Lisiczi.jpg

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против четири правни лица од Пробиштип, нивните сопственици и управители Г.Д.(60) од Штип, Т.А.(63) од Пробиштип, Н.И.(50) од Пробиштип, О.„Ч.”(58) од Пробиштип, како и И.П. од Пробиштип, вработен во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство”, „злоупотреба на службената положба и овластување” и „перење на пари и други приноси од казниво дело”.

Пријавените правни лица и управителите во договор со И.П.(раководител на Центарот за вработување во Пробиштип во време на случување на делата) се пријавиле за учество за добивање неповратна финансиска помош, како предвидена мерка на Владата од 2024 година за вработување на целна група- невработени лица Роми, односно на незаконски начин и противправно го оствариле правото, вработувајќи лица кои не биле Роми по националност и имале претходен работен стаж, а кој незаконски им бил избришан во АВРСМ.


На тој начин пријавените противправно присвоиле и предизвикале штета на Буџетот на Агенцијата во износ од 3.520.000 денари.

Можете да прочитате

Претседателката на Индија вечерва пристигна во Скопје

Даниловски за Гостивар: Слаб надзор, доцни мерки и лоша комуникација не смеат да се повторат!

Шокантни анализи за водата во Гостивар: 48 пати повеќе бактерии од дозволеното, а граѓаните со денови ја пиеле!