Утрински Весник
Свет

Русија погоди товарен брод во Црно море, над 10 загинати

33d1b2aa aaa1 41bc b4fb 490e378b56bd.jpg

10 лица загинаа во руски напад врз товарен брод што превезувал жито во близина на Одеса. Бродот пловел под знамето на Гвинеја-Бисао и бил погоден со ракети, соопшти Украинската управа за морски пристаништа. Украинските власти го сметаат нападот врз цивилен брод за воено злосторство, пишува Украинска правда .

Украинската управа за морски пристаништа објави детали за последиците од нападот. „Пребарувањето и спасувањето траеја цела ноќ, а пожарот на бродот беше ставен под контрола. Осум членови на екипажот беа спасени и транспортирани на брегот.


„За жал, десет лица загинаа, вклучувајќи го и пилотот од Управата за украински морски пристаништа“, се вели во нивното соопштение на социјалните мрежи.

Погодениот брод исплови од украинското пристаниште на 19 јули со товар пченка. Екипажот се состоел од 17 државјани на Сирија и Индија. Заедно со нив, бил и украински пилот од филијалата на Управата за морски пристаништа, Делта-Пилот, кој бил меѓу загинатите.

Можете да прочитате

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“

ЕК ја казни компанијата „Али експрес“ со 550 милиони евра