Утрински Весник
Македонија

Доживотен затвор за свирепото убиство на својата мајка во Богданци

Img 9611.jpeg

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на 40-годишниот Петар Станковски од Богданци, кој беше обвинет за свирепото убиство на својата мајка, извршено во јануари годинава.

Трагичниот настан се случил на 11 јануари во стан во Богданци, каде што мајката и синот живееле како потстанари. Според обвинението, по расправија поврзана со неговото лекување, Станковски ја нападнал својата мајка со нож и ножици, нанесувајќи ѝ повеќе смртоносни повреди.


По извршувањето на кривичното дело, обвинетиот сам се пријавил во полиција.

Од Основниот суд во Гевгелија соопштија дека првостепената пресуда е донесена откако обвинетиот ја признал вината пред судот. Тој беше гонет за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“, едно од најтешките кривични дела предвидени во Кривичниот законик.

До правосилноста на пресудата, Петар Станковски останува во притвор. Случајот ја потресе јавноста поради бруталноста на злосторството и фактот дека жртвата е неговата мајка.

Можете да прочитате

На влезот во Кочани поставен и осветен 17-метарски крст во спомен на жртвите од „Пулс“

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога