Утрински Весник
Македонија

Мигрант пронајден починат во Мрзенци

Policija Lenta.png

На 16.07.2026 на место викано „Мрзенско поле”, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било заедно со нив.

Лекар констатирал смрт кај лицето, без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант е предадено на обдукција. Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг”-Гевгелија.


Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол