Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

20260708165107 big 730x400 9.webp.webp

Седумкратниот освојувач на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е казнет парично со 5.600 фунти за недолично однесување за време на осминафиналниот натпревар против Русинот Роман Сафиулин, објавија денеска организаторите на грен слем турнирот.

Во соопштението на организаторите на Вимблдон, се наведува дека Ѓоковиќ е казнет за „гласни вулгарности“ изговорени во дуелот што се одигра во неделата.


Ѓоковиќ го победи Сафиулин по четири сета, 7:6, 6:3, 3:6, 6:3 и во меѓувреме се пласираше во полуфиналето со вчерашниот триумф во пет сета над Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде прворангираниот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер.

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА