
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на сериозен инцидент во Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што, според информациите од Министерството за внатрешни работи, бил извршен сексуален напад врз осуденик.
Од МВР информираат дека на 30 јуни во 11:32 часот, од Клиничката болница во Штип било пријавено во СВР Штип дека кај нив е донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко, кој бил транспортиран од затворот.
Според пријавеното, 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз 39-годишниот затвореник додека двајцата престојувале во казнено-поправната установа.
За случајот веднаш бил известен јавен обвинител, а полициски екипи преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот. По завршувањето на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


