Утрински Весник
Македонија

Професорка на Универзитетот во Штип уапсена за поткуп, земала 300 евра од студент за да положи испит

Whatsapp image 2026 06 30 at 11.57.45.jpeg

Професорка на Универзитетот Универзитет Гоце Делчев е лишена од слобода поради сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.

Како што информираат од МВР, на 29 јуни 2026 година во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Штип ја уапсиле Т.А. (39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.


Случајот бил пријавен на 22 јуни од страна на К.Б. (26) од Турција, кој имал привремен престој во Штип и бил студент на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според пријавата, професорката од него побарала 300 евра за да положи испит што требало дополнително да го полага на 29 јуни.

Во координација со Основното јавно обвинителство Штип, полицијата презела мерки и на студентот му биле предадени три крим-технички обработени банкноти од по 100 евра. Професорката била уапсена веднаш по примањето на парите.

Таа е задржана во полициска станица, а парите се одземени. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Мотоциклист загина во сообраќајка во Куманово

Јакимовски нема да оди на втори јули во „Шутка“ – судот ја разгледува медицинската документација

Голем пожар во Шуто Оризари, густ црн чад се гледа од повеќе делови на Скопје