Утрински Весник
Македонија

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој „летал“ со 188 километри на час

726392333 2752567598491234 4515294694048308169 n.jpeg

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“.

– При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час, соопшти МВР.


Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Кузмановска: Претседателот на СДММ прераспределен од Штип во Берово затоа што не молчи

ТХП: Повторно да се разгледа Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, да се земат предвид и предлозите на малобројните етнички заедници

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами