Утрински Весник
Македонија

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој „летал“ со 188 километри на час

726392333 2752567598491234 4515294694048308169 n.jpeg

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“.

– При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час, соопшти МВР.


Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Алиу: Граѓаните чекаат и до 40 минути за Брза помош во Словенија стигнува за 7 минути!

Алиу откри како се манипулира со пациентите – „Дојдете по 16 часот приватно и веднаш ќе ве оперираме“

Прва меѓународна безбедносна конференција „Skopje Security Conference 2026“ во Скопје