
Европската ракета „Аријана 6“ денеска е лансирана од европскиот вселенски центар Куру во Француска Гвајана.
Ракетата има нови, силни помошни ракетни мотори и носи 36 сателити за Амазон.
Досега „Аријана 6“ леташе со мотори П120Ц, но овој пат ракетата е опремена со мотор П160Ц и може да носи повеќе цврсто гориво.
Според Европската вселенска агенција (ЕСА), ракетата „Аријана 6“ е наменета за носење сателити во вселената за комерцијални и јавни корисници и е многу поевтина од претходните.
Во производството на „Аријана 6“, која првпат беше лансирана во средината на 2024 година, учествуваа 10 држави, а чинеше околу четири милијарди евра.



