Утрински Весник
Македонија

Три деца пронајдени во бессознание во Куманово, најверојатно затруени од вдишување лепак

Svr kumanovo.jpg

Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванaесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираа од СВР Куманово.

Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак.


Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово каде им била укажана лекарска помош.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Јаневска: Државната матура спроведена во најдобар ред, значително намалено препишувањето

Филипче на одбележување на 83 годишнината од масакрот на младинците во Ваташа