Утрински Весник
Скопје

Град Скопје организира летен наставно-научен едукативен камп за средношколците од главниот град

724818281 1548184926934791 3000689974650729315 n.jpg

Град Скопје организира летен наставно-научен едукативен камп за средношколците од главниот град, кој ќе се одржи во Охрид од 19 до 31 август.

Кампот ќе им овозможи на учениците да учествуваат во научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културно-историски посети и спортски активности, со цел поттикнување на нивната љубопитност, креативност и лидерски способности.


Од Град Скопје истакнуваат дека вложувањето во младите е вложување во иднината и нагласуваат дека преку вакви проекти се создаваат нови можности за личен развој, стекнување знаења и градење трајни пријателства меѓу учениците.

Можете да прочитате

Меџити: Започнува соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“ во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение