
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес вторник 16, и утре среда 17 јуни во Македонија очекувам поголема дестабилизација на времето. Времето ќе биде променливо облачно но топло со сончеви периоди. Локално пак денес вторник 16 јуни, а утре среда 17 јуни на повеќе места во Македонија ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на поизразено невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со локална појава на град.
И во делови од Скопскиот регион во погоре спопменатиот период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме.
Поради ваквата ситуација, односно поради очекуваното ново невреме во Македонија апелирам на поголема внимателност кај граѓаните.
Температурите на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 31 степен.


