Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можност за локален пороен дожд

Vreme4.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.


Според најавите од Управата зa хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе преовладува топло време. Утре на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Можете да прочитате

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност” пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Јавна расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ново силно невреме ќе ја зафати Македонија