Утрински Весник
Македонија

Пронајдено починато лице на непристапен терен во Кочанско

Policija.webp.webp

На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука”, било пронајдено тело на починато машко лице.

По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во с.Јастребник, а за кого на 01.06.2026 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот.


Телото било извлечено од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволна планинарска служба Осогово.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза

ЛДП: Експресни пријави за „шефот на елитата”, а правен систем за другите — утре сабајле!

Контролори за боледувањата ќе ѕвонат на врата, но смеат ли да влезат во домот?