Утрински Весник
Спорт

Хамилтон ја освои ГН на Каталонија со прва победа во Ферари

20260614180101 big 730x400 17.webp.webp

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон ја освои својата прва победа во Ферари, славејќи на Големата награда на Каталонија, значително доближувајќи се до врвот во генералниот пласманот, откако водечкиот Италијанец Кими Антонели (Мерцедес) се откажа пет круга пред крајот. За Хамилтон ова е седма победа во кариерата, на патеката во Барселона.

На патеката „Каталуња“, Хамилтон го забележа својот прв триумф по 685 дена и трката во Белгија, кога ја забележа својата последна победа зад воланот на Мерцедес, по дисквалификацијата на неговиот тогашен тимски колега, Џорџ Расел.


За Британецот, првата победа во Ферари е 106-та вкупно во неговата кариера, а тој стана и 11-от возач кој стигна до највисокото ниво на подиумот со три тима во Формула 1. Во таа избрана група се, меѓу другите, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Нелсон Пике и Ники Лауда.

Следната трка во Формула 1 е Големата награда на Австрија од 26 до 28 јуни.

Можете да прочитате

ФИФА ќе му го исплати целиот хонорар на сомалискиот судија

Ограбена репрезентацијата на Англија во САД

САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај