Утрински Весник
Македонија

Кривични за три лица од Струмица и струмичко за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“

720245033 1304041805239677 6958853202282474512 n.jpg

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

Пријавените, во периодот од 2022 до 2026 година, со умисла и намера за себе да прибават значителна имотна корист во повеќе одделни случаи ја искористувале тешката финансиска состојба на лица од Струмица и пошироко и им давале парични средства на заем, кои договарале да им бидат вратени со несразмерно високи камати и неповолни услови, а воедно барале да им враќаат и дневна камата во износ од 3.000 денари или 50 евра за секој ден задоцнување. Л.К. и Н.К. се сомничат и дека со закани ги присилувале лицата да им ги исплаќаат паричните средства во износи кои повеќекратно ги надминувале првично позајмените суми. Додека, Д.К. се сомничи и дека во март 2026 година, откако лице му ги вратило паричните средства кои му ги должело, тој од раце му одзел и други парични средства ина тој начин сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.


Во изминатиот период, полициски службеници од СВР Струмица постапуваа по повеќе одделени случаи пријавени од оштетени лица, кои од пријавените земале пари под наем, при што се обезбедени материјални докази кои ги потврдуваат изјавите на оштетените и сомнението за сторените кривични дела.

Можете да прочитате

Уапсен 24-годишен скопјанец, му се заканувал со пиштол на татко си

Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг

Вандализам на гробиштата во Бутел, уништени 11 гробни места