Утрински Весник
Македонија

Tаткото на судијата Ристов рекол дека синот Ѓоко го користел просторот каде што беа заѕидани 350.000 евра, рече обвинителката

Goko risotv.png

Со презентирање на снимки од претресот во семејната куќа во Неготино, обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, денеска ја почна доказната постапка против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари.

Еден од клучните моменти беше исказот на таткото на обвинетиот, Здравко Ристов, даден за време на претресот, во кој тој посочил дека просторот каде што биле пронајдени 350.000 евра го користел неговиот син.


„На прашање кој ги ставил тука, тој вели: можеби синот. Кој син? – Синот Ѓоко, судијата. Синот Ѓоко од Скопје го користи овој простор“, цитираше обвинителката пред судот.

Во судницата беше пуштена видеоснимка од претресот, на која се гледа како истражителите ги кршат кујнските плочки и откриваат шуплина во ѕидот, во која биле скриени 13 пакувања со вкупно 610 банкноти, во апоени од 200 и 500 евра, завиткани во алуминиумска фолија.

Обвинителството презентираше и имотни листови, податоци од ДКСК, информации за кредити и имот на Ристов и неговата сопруга Симона Зориќ-Ристова, како и судски одлуки поврзани со Љупчо Пецов – Ѓаволот, во чии предмети Ристов одлучувал како судија.

Одбраната побара вештакот лично да ги образложи наодите за биолошките траги и доказниот материјал. Ристов пред судот повторно изјави дека не се чувствува виновен, а тврдеше и дека вториот кат од куќата го користел неговиот брат, а не тој.

Можете да прочитате

Уапсени осум возачи, седум возеле без возачка

Јакимовски: Осуден сум политички за да не се кандидирам пак за градоначалник

Богоев со гаранција од 55.000 евра е пуштен од притвор