Утрински Весник
Магазин

Експеримент со ембриони од глувци во вселената отвора нови прашања за развој на живот надвор од Земјата

Gluvche.jpg

Кинески научници спровеле истражување за развојот на ембриони од цицачи во вселената. Експериментот е дел од мисијата Шенжоу-22, соопштија кинеските медиуми.

Според информациите, примероците се вратени на 29 мај, а потоа се транспортирани во истражувачки центри во Пекинг каде што ќе бидат анализирани со цел да се утврдат ефектите од вселенското опкружување врз ембрионот.Истражувањето го врши Институтот за напредна технологија во Шенжен при Кинеската академија на науките. Целта е да се испита развојот на ембрионите од цицачи пред имплантација во услови на микрогравитација, при што посебно внимание се посветува на можни промени на митохондрите, како и на потенцијални епигенетски промени кои би можеле да влијаат врз клеточниот развој.


За време на експериментот, ембрионите биле култивирани во орбитата со помош на специјализирани микрофлуидни системи, инсталирани во кинеската вселенска станица, при што нивниот развој бил следен во реално време преку системи за набљудување и снимање.Кинеските научници наведуваат дека системите за снимање и зачувување на примероците функционирале без технички проблеми. Ембрионите покажале нормален или очекуван развој во услови на микрогравитација, што се смета за значаен технолошки и научен успех за мисијата.

Во следната фаза од истражувањето ќе се спроведе детална споредбена анализа помеѓу примероците изложени на вселенски услови и примероците кои останале на Земјата. Анализата ќе опфати молекуларни и генетски методи, со цел подлабоко да се разбере како вселенската средина влијае врз раниот развој на цицачите, вклучително и можни долгорочни последици на клеточно ниво.

Испитувањето претставува продолжение на претходните кинески експерименти во вселената, каде што научниците веќе имаа можност да го набљудуваат развојот на ембрионите во услови на микрогравитација и нивниот напредок во најраните фази од развојот, а со тоа подобро да се разберат биолошките процеси во вселената. 

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите