Утрински Весник
Македонија

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“

Img 6732.jpeg

Косовски инфлуенсер објави видео на социјалните мрежи во кое тврди дека наместо да плати висока сообраќајна казна во Македонија, успеал да помине со поткуп од 50 евра дадени на полициски службеници.

На видеото кое е објавено вчера, кое предизвика бројни реакции на интернет, може да се слушне разговор меѓу инфлуенсерот и неговата сопруга додека се запрени од автопатската полиција. Тој објаснува дека му се заканувала казна од 500 евра поради сообраќаен прекршок, но дека наместо тоа одлучил да им даде 50 евра на полицајците.


„Ќе изедевме казна од 500 евра, подобро ќе им дадам 50 евра“, вели тој во видеото, додека неговата сопруга со неверување го прашува: „Каде си видел ти казна од 500 евра?“.

Во продолжение, инфлуенсерот раскажува како наводно разговарал со полициските службеници, молејќи ги да не му изрекуваат толку висока казна. Според неговите тврдења, еден од полицајците му рекол дека вози многу убав автомобил, на што тој одговорил дека возилото не е негово, туку е изнајмено од рент-а-кар компанија.

На снимката, која е широко споделувана на социјалните мрежи, се забележува и возило на македонската полиција, што дополнително ги поттикна реакциите во јавноста.

Можете да прочитате

Грузија победник на осмото издание на Folk Fest Skopje 2026

Eкспретседателот на ФФМ, Сејдини, излегува од притвор со гаранција од 1,15 милиони евра

ДУИ: Признанието на ВЛЕН дека се „страшно слаби“ во Владата е аларм за секој Албанец