Утрински Весник
Македонија

Левица: Полицајците носат истрошени униформи поради коруптивните тендери на Тошковски

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Пропаднатиот тендер за набавка на униформи со контроверзната фирма ,,Памитекс Тим” уште еднаш ги потврдува коруптивните шеми со тендери на десничарската власт.

Левица и претходно алармираше за скандалозниот тендер за униформи за специјалните сили, каде фирмата „Памитекс Тим” беше регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без никаква историја на набавки. Ова беше очигледен аларм дека МВР на Тошковски ги елиминирало сите критериуми кои би гарантирале професионалност – односно тендер распишан без услов за претходно искуство, без услов за минимум приходи и без проверка на реалните капацитети на фирмата.

Токму ваква фирма доби тендер од 1.710.000 евра, тендер за кој Тошковски потврди дека е раскинат поради жалба на второстепена комисија. Поради наместени критериуми и тендер-шеми за подобни фирми на Тошковски, и после две години власт полицијата не може да добие нови униформи.

Речиси и да нема јавна набавка во МВР која не е проследена со контроверзии и сериозни сомнежи за корупција, за што директен виновник е токму министерот Тошковски и неговите лукративни апетити. Наместо професионална и подготвена полиција, власта создава хаос во набавките и ги остава полициските службеници без основни услови за работа. Додека Тошковски говори за безбедност, ред и професионализам, тој не може да обезбеди ниту квалитетна униформа за полицијата.

Можете да прочитате

Хоџа од МЕФ 2026: Западен Балкан мора заеднички да ја предводи зелената транзиција 

Сиљановска-Давкова – Пелегрини: Сите земји кандидатки треба да имаат еднаков третман на патот кон ЕУ

Авионот со македонските фудбалери итно се врати во Истанбул по технички дефект