Утрински Весник
Македонија

Претрес во Гостивар, уапсено едно лице осомничено за сторени повеќе кривични дела

Lisiczi.png

На 01.06.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Џ.(50) од Гостивар. Претходно, по  добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик. При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис.

Пронајдените предметите се одземени, тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можете да прочитате

МВР: Полицијата е на терен по невремето, во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје