Утрински Весник
Балкан

Суд во Хамбург му забрани на Шпигел да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „сафари во Сараево“, соопшти Кабинетот на претседателот на Србија

20260529142601 big 730x400 76.webp.webp

Советничката за медиуми на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, ја информираше денеска јавноста дека во првата тужба поднесена против медиум, во име на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во овој случај против германското списание „Шпигел“, Суд во Хамбург донел привремена мерка со која му забранува на тој медиум понатамошно објавување и ширење наводи што предизвикуваат сомневање дека Вучиќ, бил вмешан во наводното „сафари“ за време на опсадата на Сараево.

Како што е наведено во соопштението, судот заклучи дека не се исполнети основните законски стандарди за такви сериозни обвинувања, особено во однос на обврската за внимателно проверување на фактите и правото на соодветна изјава пред објавување.

„Оваа одлука претставува важна потврда дека дури и во случај на политички експонирани лица постојат јасни стандарди за одговорно и професионално известување, особено кога станува збор за сериозни и неосновани обвинувања што можат сериозно да го загрозат нечиј углед“.

Од кабинетот додаваат дека имајќи го предвид извештајот на „Шпигел“, претседателот на Србија бил принуден законски да дејствува против таков извештај, со цел да се спречи понатамошна штета на неговата личност и на државата.

Можете да прочитате

330.000 шишиња вода од 0,5л за Моравичкиот округ, од 25 мај е без вода

Албанија ќе потроши 7,9 милијарди евра за инвестиции во транспортна инфраструктура до 2030 година 

Словенија погодена од невреме – 24info.mk