Утрински Весник
Балкан

330.000 шишиња вода од 0,5л за Моравичкиот округ, од 25 мај е без вода

Image 2026 05 29 142052694.png

Владата на Србија на вонредна седница одобри Републичката дирекција за стоковни резерви да обезбеди флаширана вода за пиење на загрозеното подрачје на Моравскиот административен округ – 330.000 шишиња од половина литар.

За градот Чачак се обезбедени 240.000 шишиња од 0,5 литри вода, за општина Горњи Милановац 40.000 шишиња и за општина Лучани 50.000 шишиња.


Од Владата беше објавено дека е усвоен заклучокот со цел да му се помогне на погоденото население, имајќи ја предвид моменталната вонредна состојба со недостиг на вода во Моравичкиот округ.

Поради оштетувањето на водоводниот систем Рзав, повеќе од 200.000 луѓе во Чачак, Лучани и Горњи Милановац, Ариље и Лучани се без вода од 25 мај. Најкритично е во Лучани и Чачак, каде што нема ниту вода за пиење, ниту техничка вода, додека на други места има само техничка вода. 

Можете да прочитате

Суд во Хамбург му забрани на Шпигел да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „сафари во Сараево“, соопшти Кабинетот на претседателот на Србија

Албанија ќе потроши 7,9 милијарди евра за инвестиции во транспортна инфраструктура до 2030 година 

Словенија погодена од невреме – 24info.mk