Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за узурпација на државно земјиште во Крива Паланка

Kriva palanka.png

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(50) и правен субјект од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.

Во периодот од 2021 до 2025 година, во дел од три катастарски парцели запишани во имотен лист во државна сопственост со вкупна површина од 518 метри квадратни, првопријавениот во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице како инвеститор, со намера за владение зазеле туѓа недвижност, имот во општа употреба во сопственост на државата и бесправно изградиле потпорни ѕидови, настрешница, помошен објект и скали со што оневозможиле користење на просторот од граѓаните на РСМ.


Притоа, тие не обезбедиле потребна техничка документација со намера да бидат употребени за вршење на угостителска дејност во корист на второпријавеното правно лице и на тој начин го оштетиле државниот буџет.

Можете да прочитате

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува

Малолетник со мопед удрил во пешак во Гевгелија, двајца тешко повредени

Скандал во македонското небо: Изгубена комуникација со авиони, затворени дел од воздушните рути