Утрински Весник
Економија

Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега, велат од СДСМ

Sdsm1.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Министерката за финансии најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите”.


СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата.

Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема.

Прво повикува, а потоа бега.

Бега затоа што јасно баравме средбата да биде јавна, пред камери, пред граѓаните. 

Да ни објасни како за две години ја задолжија државата со нови 2,5 милијарди евра, како долгот стигна до 11,3 милијарди и зошто бара нови кредити за нови тендери.

Ја нема.

Зошто? Затоа што не може да објасни.

Како и секогаш кај ВМРО – сè е лага и пропаганда. 

Кога треба да одговараат со факти и бројки, тие бегаат или создаваат нов дефокус. 

Граѓаните заслужуваат вистина, а не алиби и театар.

Одговорност, реформи – Европа сега.

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство

Битиќи: Се извинувам што ја вознемирувам министерката додека е на патување, денес избега, но ја очекувам во четврток во Собранието