Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, одреден им е притвор од 30 дена

Migrantiapsenje.jpg

На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги уапсиле А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум лица мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против косовските државјани е поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.


Тие се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, додека мигрантите се сместени во во Центар за баратели на азил во Визбегово-Скопје.

Можете да прочитате

Полицијата ги пронајде учесниците во тепачката во Гостивар

Пеколно попладне во Скопје: Во 14 часот измерени 40 степени

Автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар