Утрински Весник
Македонија

Загина мотоциклист по судир со товарно возило на патот Штип–Делчево

Policija.webp.webp

На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара” се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо” со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани.

Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт.


Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Можете да прочитате

МЗ: Инициран вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот

Работна средба со Судскиот совет за актуелните состојби и реформите во правосудството

Мицкоски: Остануваме посветени на изградба на дата центри, светот оди во таа насока и процесот е неповратен