Утрински Весник
Македонија

Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР

1.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети.

Министерот Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, особено во делот на исполнување на критериумите поврзани со европската интеграција на државата, преку реализација на проекти во рамки на ИПА инструментот за претпристапна помош, како и активностите предвидени со Реформската агенда.


На средбата беше истакнато дека партнерството помеѓу Македонија и Европската Унија има значајна улога во јакнењето на безбедносниот систем, модернизацијата на институциите и подобрувањето на ефикасноста во справувањето со современите безбедносни предизвици.

Соговорниците разговараа и за тековните активности во рамки на програмите за прекугранична соработка, како и за приоритетните области од заеднички интерес, со акцент на натамошно продлабочување на партнерската соработка.

Можете да прочитате

Пуштено во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во болницата „Св. Наум Охридски“, инвестирани 230.000 евра

Вработени во „Национални шуми“ овозможиле незаконска сеча на огревни дрва во вредност од 570.000 денари

Левица: Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава