Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за случајот „Мазут”: ЕСМ вложи жалба, очекувам Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи

Mickoskiuniverzalna.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ЕСМ ќе вложи жалба за скандалот со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски, изјави:

„Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа коешто е содржано во жалбата. Така што еве да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, па потоа да коментираме.”


Можете да прочитате

Над 1.800 вработени во јавното здравство поднеле судски тужби против своите установи

Полицијата ја уапси сопственичката на крави од Паланка

Национален младински форум „Тука сме за да останеме!”