Утрински Весник
Македонија

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Img 5029.webp.webp

Интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска ја доби плакетата „Европска личност на годината“ за 2025 година, признание што Европското движење во Република Македонија традиционално го доделува по повод одбележувањето на Денот на Европа.

Кедев не присуствувал лично на свеченото доделување поради неодложни професионални обврски, но до присутните се обратил преку видеопорака во која изразил благодарност за укажаната чест. Во своето обраќање нагласил дека признанието за него претставува не само лична чест, туку и дополнителен мотив за уште поголема посветеност кон вредностите што го прават општеството подобро и поправедно.


Во фокусот на неговата порака биле темелните европски вредности – човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и заштитата на човековите права. Според Кедев, овие принципи не се само европски, туку универзални вредности кои ги поврзуваат луѓето и народите.

Признанието „Европска личност на годината“ се доделува на поединци кои со својот личен и професионален ангажман придонесуваат за промоција на европските вредности и за процесот на евроинтеграција на државата. Изборот на Кедев, според организаторите, претставува симболично поврзување на медицината, науката, јавниот ангажман и личната дисциплина со идејата за современо и одговорно општество.

Меѓу досегашните добитници на ова признание се наоѓаат бројни истакнати личности од културата, спортот, науката и политиката, меѓу кои Тоше Проески, Влатко Стефановски, Горан Пандев, Симон Трпчевски, Радмила Шекеринска и Борис Трајковски – имиња кои оставиле значаен белег во македонското општество и јавен живот.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана 

На ГП Дојран шверцувале марихуана скриена во тегли од крем