Утрински Весник
Свет

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого

Belorusija.png

Вооружените сили на Белорусија и Русија почнаа вежба во Белорусија која симулира можна употреба на нуклеарно оружје, соопшти денеска Министерството за одбрана во Минск.

Маневрите се одржуваат за да се практикува транспорт на нуклеарно оружје и да се подготви негово распоредување, соопшти министерството, нагласувајќи дека станува збор за рутински вежби на ракетните сили и воздухопловството, кои не се насочени против никого.


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во повеќе наврати ја обвини Русија дека планира да почне нов напад врз Украина или врз земја членка на НАТО од соседна Белорусија, која се смета за најблизок сојузник на Москва.

Според Министерството за одбрана во Минск, целта на вежбата е да се тестира оперативната подготвеност на оружјето и опремата, како и да се подобри обуката на персоналот, вклучително и практикување на транспортот на нуклеарна муниција.

Русија чува тактичко нуклеарно оружје во Белорусија откако тоа го побара долгогодишниот владетел Александар Лукашенко. Тој се надева дека тоа ќе обезбеди поголема безбедност во услови на перципирана закана за земјата од државите на НАТО.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска ги отфрли последните тврдења на Зеленски во врска со планираната руска офанзива од Белорусија.

– Ваквите изјави не се ништо повеќе од обид за дополнително разгорување на тензиите со цел да се продолжи војната во Украина – рече Песков. 

Можете да прочитате

Папата Лав XIV на 25 мај ќе ја објави својата прва енциклика

На интернет пронајдени 14.200 објави поврзани со ИРГЦ

Пакистан распореди 8.000 војници и ескадрила борбени авиони во Саудиска Арабија