Утрински Весник
Свет

ЕУ регистрира зголемување до речиси 30 отсто на вратените странци без право на престој

Shengen.webp.webp

Европската комисија денеска го претстави новиот годишен извештај за состојбата со Шенген, во кој се забележува зголемување до 28 отсто на бројот на вратените странци без право на престој во ЕУ во 2025 година во однос на претходната година.

Ова е највисокиот удел на враќања во последните 10 години, се посочува во документот.


Истовремено, се забележува намалување од 26 отсто на незаконските преминувања на шенгенските граници.

Во првите месеци по воведувањето на целосно автоматизираното преминување на надворешните европски граници се забележани 66 милиони влегувања и излегувања, а на 32.000 патници без право да влезат во ЕУ им бил одбиен пристап.

Комисијата соопшти дека ќе предложи измени во шенгенските правила, поврзани со визната политика.

Државите од Шенген треба дополнително да ги зголемат можностите за враќање на странците кои незаконски престојуваат, посочува ЕК. Предвидено е комисијата да предложи законски проект за дигитализација на процесот на враќања, за да се намали административното оптоварување на националните власти и да се постигне поедноставување.

ЕК исто така изразува очекување за завршување на работата за приклучувањето на Кипар кон Шенген.

Извештајот треба да биде разгледан од министрите за внатрешни работи на ЕУ во јуни.

Можете да прочитате

На интернет пронајдени 14.200 објави поврзани со ИРГЦ

Пакистан распореди 8.000 војници и ескадрила борбени авиони во Саудиска Арабија

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого