Утрински Весник
Македонија

Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Bebe Noga 960x640 1.jpg

Фондот за здравство работи да најде решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во процентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Клековски при денешниот престој во Прилеп одговараше на новинарско прашање за исплатата на породилното боледување. Проблем има што помалите фирми не пријавуваат соодветно патолошка бременост и породилно отсуство.

– Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од другите исплати, овие се фреквентно променливи и некогаш процесите не се следат соодветно. Дел од проблемите што настануваат се, посебно од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост и на породилен надомест. Разликата е во тоа што за едните надоместот е 70, а за другите е 100 проценти. А за тоа мора да се поднесе ново барање. Само овој месец имавме 10-тина случаи на жалби и констатиравме дека е побаран надомест за патолошка бременост, а не е испратен документ дека родилката е на породилно отсуство. Работиме на тоа, ние постојано се извинуваме за непријатностите, меѓутоа се трудиме да најдеме техничко решение за да го олесниме процесот и на пријавување и на исплата, објаснува Клековски.

Toj признава дека системот за исплата на породилните боледувања е таков каков што е. Посебно има проблеми со почетните и со завршните месеци, бидејќи и првиот и последниот месец поминуваат низ процес на верификација во подрачните служби на Фондот и таа верификација сѐ уште е рачна.

– Во основа, подрачните служби ги верификуваат породилните отсуства, ги испраќаат во дирекцијата во Скопје каде што се исплаќаат боледувањата. Ние, како што пристигнуваат породилните и другите долги боледувања, така ги исплаќаме. Само минатиот месец имаме исплатено 511 милиони денари за боледувања. Минатата година исплативме 72 милиони евра за породилни боледувања. Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од други исплати, овие се фреквентно, променливи исплати и некогаш процесите не се следат соодветно, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување кој денеска присуствуваше на промовирањето на новата опрема во прилепската болница.

Можете да прочитате

Соработката со Словачка тема на средбата на Савески со Хрицова

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина