Утрински Весник
Македонија

Ужас во Штип: Мртво новороденче донесено во болницата

Stip 1 210357 417353.jpg

На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот.

Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип.  Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот Ѓ.У. добила породилни болки и се породила во дворот.

Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Можете да прочитате

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно

Народната банка го презеде управувањето со Алта банка Битола

ВО ЖИВО: Прес-конференција на гувернерот Трајко Славески