Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го надмина и Заев, како пиун на Радев

Vmro Dpmne 1.jpg


Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да дојде со предавства и отстапки за националниот идентитет, стана поголем негатор и од најголемите негатори на Македонија, бугарските власти.

Филипче го фатил патот на Зоран Заев и како пиун на Румен Радев е спремен да потпише нови капитулации за Македонија и македонскиот народ, во надеж дека така некој друг ќе го донесе на власт.

Нема никаков проблем за СДС и Венко Филипче да бидеме нарекувани како „северномакедонци“, која е неточна, непостоечка и навредлива кованица, која за нас Македонците ја користат тие што сакаат да не навредат и негираат.

Оваа придавка доаѓа по еден од најголемите дипломатски дебакли на тогашната власт на СДС под Зоран Заев кому Филипче му беше министер, и тоа е капитулантскиот Преспански договор.

Со ова придавка ни е обрати министерката на Радев, Велислава Петрова Чамова, а Венко Филипче уште упорно и најгласно што може вели дека не гледа никаков ризик за загрозување на македонскиот идентитет и дека никој не го негира.

Филипче, кој во поданоста го надмина и Заев и стана пиун на Радев, не ни ја осуди ваквата изјава на бугарската министерка, ниту побара друг пат да не се повтори.

Но што може да се очекува од Филипче, кој прави стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, и кој одбива секоја подадена рака за обединување и консензус за националните интереси, како што е и реформската агенда.

Но, на Филипче не му треба реформска агенда затоа што за него приоритет се агендите на туѓите држави, наместо македонските интереси.

Со овие недостоинствени настапи и делувања, Филипче само докажува дека е уценет човек, но тоа што треба да направи е јавно и јасно да каже, со што се е уценет за да мора да води ваква политика на штета на Македонија и македонскиот народ.

Можете да прочитате

Уапсен возачот кој вчера во Скопје со возило удри во 13-годишен велосипедист

„Арс Ламина” го распиша конкурсот „Читањето е супермоќ” за суперчитатели од основните училишта

СВР Битола со апел: Внимавајте на пријави за лажни сообраќајки