Утрински Весник
Балкан

Извлечени се рударите кои беа заглавени во рудникот Трепча

Rudnik.webp.webp

18 рудари кои со часови беа заглавени во рудникот „Стари Трг“ во близина на јужниот дел на Косовска Митровица, конечно се извлечени на површина по сериозен дефект во снабдувањето со електрична енергија, објавија регионалните медиуми. 

Според информациите, рударите останале заробени под земја од околу 1:30 часот по полноќ, откако дошло до прекин на струјата поради дефект на далекуводот, што ги блокирало системите неопходни за нормално функционирање на рударските окна.


По повеќе од 12 часа поминати под земја, спасувачките и техничките екипи успеале да го санираат дефектот и да овозможат безбедно извлекување на рударите, кои според првичните информации се во стабилна состојба. 

Од компанијата „Трепча југ“, која управува со рудникот, соопштија дека ова не е прв ваков инцидент и дека рударите и претходно останувале заглавени во окната поради проблеми со електричната мрежа. 

Рудникот „Стари Трг“ со години се соочува со технички и инфраструктурни проблеми, а вработените често предупредуваат на тешките услови за работа и нестабилното функционирање на системите. 

Инцидентот повторно ги отвори прашањата за безбедноста на рударите и состојбата на енергетската и рударската инфраструктура во регионот.

Можете да прочитате

Околу 18 рудари од „Трепча“ се заглавени под земја

Путин ќе ја посети Република Српска, тврди Додик

Мигранти се тепале во Србија, едно лице загинало