Утрински Весник
Македонија

Во ноќен клуб во Охрид приведени седум странски државјанки затекнати при нелегална работа

Ohrid.webp.webp

На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка” во Охрид ги приведоа А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија.

При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 217 од Законот за странци.


Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ги слуша ли Филипче реакциите од народот или е зафатен со фантазирање?

Уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило меѓу нив и тројца малолетници 

Автомобил прегазил двајца пешаци во Скопје