Утрински Весник
Свет

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина

Rusija ukraina.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би сакал прекинот на огнот во војната на Русија во Украина да трае повеќе од три дена.

„Би сакал тој (конфликт) да заврши“, додаде тој.


Трамп, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш се согласиле со неговиот предлог за привремено прекин на огнот.

„Јас го побарав тоа и претседателот Путин се согласи… Зеленски се согласи, двајцата – без двоумење“, рече тој.

Американскиот претседател изјави дека е подготвен да испрати свои преговарачи во Москва доколку смета дека тоа би било корисно за преговарачкиот процес за решавање на кризата во Украина.

Можете да прочитате

Парада на Црвениот плоштад во Москва

Европратеници бараат создавање одбранбен сојуз и независност од НАТО

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници