Утрински Весник
Свет

Иран: Ќе ја нападнеме секоја странска армија што ќе се обиде да влезе во Хормуз

Iran 3.jpg

Шефот на обединетата команда на иранската војска изјави дека американските или кои било други странски вооружени сили ќе бидат нападнати ако влезат во Ормутскиот теснец.

Командата ги предупреди американските сили да не се приближуваат кон теснецот и изјави дека ќе „одговорат остро“ на секоја закана, а на трговските бродови и танкерите им кажа да се воздржат од движење без координација со иранската војска.

Али Абдолахи, началникот на командата, во изјава објавена од Ројтерс изјави: „Постојано повторуваме дека безбедноста на Ормутскиот теснец е во наши раце и дека безбедното поминување на бродовите мора да биде координирано со вооружените сили. Предупредуваме дека секоја странска вооружена сила, особено агресивната американска војска, ќе биде нападната ако се обиде да се приближи и да влезе во Ормутскиот теснец.“

Можете да прочитате

Макрон: Иран и САД заедно да го отворат Ормускиот теснец, Франција не учествува во „Проектот Слобода“

Kамионет се заби во толпа во Колумбија, тројца мртви, 38 повредени

Трамп денес ја почнува акцијата за ослободување на заглавените бродови во Хормуз