Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОПАТИ ВНИМАВАЈТЕ: Сега одиме директно од зима во лето и 30°C

Meteoalarm.mk 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

По невообичаено ладниот бран кој директно од Арктикот се спушти на Балканот  и во Македонија за 1  и за 2 Мај 2026 и донесе минусни температури, снег и појава на утрински мразеви кој направи огромни штети и ги измрзна овошките, во текот на новата седмица која што ни претстои ни доаѓа нагло и големо затоплување на времето и продор на значително потопла воздушна маса од југ.


Веќе особено од вторник 5 Мај па во деновите потоа температурите во Македонија речиси насекаде ќе се искачуваат и ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминуваат 25 степени. Веќе за време на следниот викенд (9 и 10 Мај 2026) во Македонија очекувам температурите веќе да бидат летни и да се искачат до 30 степени.

Значително ќе пораснат  и минималните утрински температури од вторник 5 Мај 2026 и нема да има повеќе појава на утрински мразеви и на слана што значи дека  и во утринските часови ќе ни биде значително потопло.

Да напоменам дека поради наглото и големо затоплување на времето и тоа од зимски на летни температури на воздухот, ова особено негативно ќе се одрази врз метеопатите каде поради наглите  и големи температурни разлики можни се поголеми здравствени проблеми.

Можете да прочитате

Во Гостивар намален вкупниот број прегледи, велат од МЗ

Тешка сообраќајна несреќа кај Гостивар, повредени три лица

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Собранието – има и повредени лица